Нова црна дупка во финансиите на Грција?


Грција се соочува со нова црна дупка во финансиите на позадината настаната преку тензиите со нејзините кредитори, коментира The Guardian.

На состанокот во Брисел европските финансиски министри најверојатно ќе дадат израз на загриженост во врска со отпорот, кој го демонстрира Атина во однос на донесувањето на реформи.

Во исто време грчката влада го мери она што ќе ја чини одлуката на судот, за да ги укине кратењата на платите на силите за безбедност, донесени според спасувачкиот план за европската држава.

Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, кои веќе го одложија завршувањето на последниот преглед на економијата на Грција, и сигнализираа дека средствата од спасувачките фондови нема да бидат доделени, ако Атина не успее да ги примени подобрените правила за конкуренција, пренесува news expert.



Видете следно

Пендаровски: Јас сум длабоко уверен дека само ако работиме заедно – ќе успееме!

Обраќање до јавноста на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски Почитувани граѓани, Ви се обраќам …