Новата директорката на Yahoo го врати растот на приходите


Мариса Мајер успеа да го крене на нозе, Yahoo. За последното тримесечје на 2012 приходи Yahoo има пораст од 2%, односно до 1.35 милијарди долари во однос со истиот период од претходната година.

Профитот на компанијата за четвртиот квартал од 2012, сепак се намалил за 8% на годишно ниво т.е. нешто повеќе над 272 милиони долари. Падот се должи на трошоците за реструктуирање на компанијата.

Сепак резултатите на компанијата ги надминаа прогнозите на аналитичарите, што доведе и до скок на акциите на Yahoo.

37-годишната Мариса Мајер го презеде управувањето на компанијата во текот на летото на 2012. Таа беше третиот извршен директор на Yahoo за една година. Сите доделуваат големи надежи на неа за преродбата на еден од пионерите во интернет бизнисот.


Видете следно

Османи: Почнаа разговорите СДСМ-ДУИ, не исклучуваме разговори и со други партии

Скопје, 6 август 2020 (МИА) – Бујар Османи, вицепремиер и портпарол од ДУИ вели дека за …