Новата фабрика на Фолксваген заминува во Турција


Новата фабрика на Фолксваген, главно од брендот Шкода, ќе биде во Маниса, во близина на Измир.

Според Ројтерс, 17% од големото претпријатие ќе бидат во сопственост на Катар. Емиратот од Персискиот залив поседува таков удел во германскиот концерн и се претпоставува дека властите во Доха одиграа важна улога во лобирањето каде да биде фабриката.

Нема индикации за тоа колку голема ќе биде инвестицијата, но во последниве месеци германскиот печат тврдеше дека тоа ќе изнесува најмалку 1,3 милијарди евра. Турските весници пишуваат дека фабриката ќе ангажира околу 5.000 луѓе.

Германското издание на Automobilwoche, исто така, ја објави веста, додавајќи дека во близина на градот Измир ќе бидат произведени автомобили од брендот “Сеат”. Авторите потсетуваат дека така ќе се ослободи капацитет на фабриките на “Фолксваген” во Чешка, на кои ќе се насочат нови модели од германските претпријатија фокусирајќи се веќе на електрични и автономни автомобили.

Фабриката треба да проработи во 2022-2023 година со годишен капацитет до 350 илјади автомобили, меѓу кои Skoda Karoq и Seat Ateca.


Видете следно

Услугите на Тиго Фајнaнс отсега уште подостапни за жителите на Кавадарци и Радовиш

За да биде уште поблиску до своите клиенти и директно да им обезбеди одговор и …