Нови 23 потврдени случаи на КОВИД-19, еден починат и 9 оздравени


Нови 23 случаи на КОВИД-19 се потврдени во текот на изминатото деноноќие со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во земјава се искачи на 1.921. Институтот за јавно здравје регистрира и едно починато лице и девет оздравени пациенти.

Починатиот е 47-годишен пациент од Тетово со хронични заболувања кој вчера со симптоми на вирусот бил примен во ГОБ „8 Септември”, а денеска е потврдено дека бил позитивен.

Најголем број од новозаболените се од Скопје -12, по што следуваат Куманово и Тетово со 4, Прилеп – 2, и Неготино еден пациент.

Во изминатите 24 часа направени се 702 тестирања од кои 365 се во рамки на скринингот.

Од почетокот на епидемијата, во земјава се оздравени 1.387 пациенти, а починати 112. Бројот на активни случаи во моментот изнесува 422.

Последната дистрибуција по градови е:
•       Скопје – 685, активни 178
•       Куманово – 423, активни 27
•       Дебар – 51, активни 0
•       Штип-38, активни 3
•       Прилеп –206, активни 56
•       Тетово – 165, активни 76
•       Струга – 71, активни 4
•       Велес – 127, активни 49
•       Битола –28, активни 9
•       Охрид –21, активни 6
•       Кавадарци – 5, активни 0
•       Гостивар –21, активни 4
•       Гевгелија – 4, активни 0
•       Струмица – 3, активни 1
•       Крива Паланка- 6, активни 1
•       Радовиш – 4, активни 0
•       Крушево – 3, активни 0
•       Кочани – 31, активни 0
•       Пробиштип – 2, активни 0
•       Кичево – 2, активни 0
•       Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
•       Демир Хисар – 1, активни 0
•       Македонски Брод – 2, активни 0
•       Пехчево- 3, активни 1
•       Делчево-1, активни 0
•       Валандово -1, активни 0
•       Виница – 3, активни 1
•       Кратово-2, активни 1
•       Берово-1, активни 1
•       Свети Николе-1, активни 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 8 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 32, крититчно болни и на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември” се примени 6 нови, а вкупно хоспитализирани 16 пациенти. На респиратор се 5, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 8, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 44 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.


Видете следно

Спасовски: Изборите треба да се одржат на 5 јули

Добро е сите да учествуваат во изборниот процес, а политичките партии да го покажат демократскиот …