Нови осум рути на Wizz Air од Македонија


Wizz Air, една од најбрзо растечките авиокомпании во Европа и најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Македонија, денес објави дека од Јули 2019 година го додава својот петти Airbus A320 авион во скопската база, како и почетокот на осумте нови долгоочекувани рути од Скопје до Карлсруе / Баден-Баден, Бремен, Ларнака и Турку и од Охрид до Малме, Милано Малпенса, Минхен Меминген и Дортмунд. Новите рути со веќе ниски цени се во продажба на wizzair.com и мобилната апликација на авиокомпанијата која започнува од МКД 1.169 /EUR 19.99*. Зголемувањето на флотата, исто така, ќе овозможи зголемување на бројот на неделни летови на постоечките рути на Wizz Air од Скопје до Гетеборг, Хамбург, Келн, Малта и Базел.

Новата распределба на авионите е резултат на успешниот тендер што го доби Wizz Air во јануари 2019 година. WIZZ започна со работа на меѓународниот аеродром во Скопје во 2011 година,проширувајќи ја својата флота на четири авиони во текот на 8 години. Во јуни 2018 година, два авиони Airbus A320 на авиокомпанијата беа надоградени со два Airbus A321.

Петтиот авион претставува уште една инвестиција од 101 милиони долари од Wizz Air во македонското воздухопловство и ќе придонесе за создавање на над триесет нови директни работни места со Wizz Air. Со оваа најава WIZZ сега нуди 38 рути до 16 земји од двата македонски аеродроми: Скопје и Охрид.

WIZZ, пионерот на нискобуџетни авионски патувања во Европа и во Македонија, континуирано ја проширува својата мрежа со тоа што нуди поволни можности за патување во комбинација со одлично искуство за време на летот, од Македонија и остатокот од Европа. Во 2018 година авиопревозникот превезе 1,4 милиони патници на своите македонски рути, што претставува раст од 15% годишно. Осумте нови рути, објавени денеска, ќе донесат дополнителен капацитет од 200.000 седишта на македонската мрежа на авиокомпанијата, вкупно 1,9 милиони седишта што се продаваат во 2019 година. Позитивното работење на WIZZ во земјата дополнително ќе ја стимулира локалната економија, преку зголемување на вработеноста во македонското воздухопловство и туристичкиот сектор и поддршка на повеќе од 1.400 работни места во придружните индустрии*** во 2019 година.

 

НОВИТЕ РУТИ НА WIZZ AIR ОД МАКЕДОНИЈА

 

Нови рути Фрекфренција Почнувајќи од Летови од*
Охрид – Малмо Понеделник, Петок (до 13 Септември)

Среда, Недела (од 18 Септември)

18 Март 2019 MКД 1,169 / EУР 19.99
Скопје –Карлсруе /Баден Вторник, Сабота (до 29 Јуни)

Среда, Недела (од 3 Јули)

19 Март 2019 МКД 1,169 / ЕУР 19.99
Охрид – Милано Малпенса Вторник, Сабота (до 30 Март)

Понеделник, Петок (од 1 Април)

19 Март 2019 МКД 1,169 / ЕУР 19.99
Скопје – Бремен Среда, Недела 20 Март 2019 МКД 1,169 /  ЕУР 19.99
Охрид – Меминген Понеделник, Петок 1 Јули 2019 МКД 1,169 /  ЕУР 19.99
Охрид – Дортмунд Вторник, Сабота 2 Јули 2019 МКД 1,169 /  ЕУР 19.99
Скопје – Ларнака Среда, Недела 3 Јули 2019 МКД 1,169 /  ЕУР 19.99
Скопје – Турку Среда, Недела 3 Јули 2019 МКД 1,169 /  ЕУР 19.99

 

 

СЕ ЗГОЛЕМУВА ФРЕКВЕНЦИЈАТА НА СКОПСКИТЕ РУТИ ВО WIZZ AIR

Дестинација Неделни летови Од месец
Гетеборг Ландветер 4xà5 Јули 2019
Хамбург 2xà3 Јули 2019
Келн 3xà4 Јули 2019
Малта 2xà3 Јули 2019
Базел-Милуз-Фрајбург 7xà10 Јули 2019

 

“Понатамошното проширување на нашите услуги во Македонија значи дека Wizz Air може да обезбеди уште повеќе можности за македонските клиенти да патуваат низ Европа по најниски цени. Денес го објавивме додавањето на петтиот авион (Airbus А320) на нашата база во Скопје заедно со осум долго-очекувани рути од Скопје и Охрид до Германија, Кипар, Финска, Шведска и Италија. Уверени сме дека нашите клиенти ќе ги ценат овие дестинации и дека овие рути ќе бидат исто толку популарни како и другите 30 во нашата македонска мрежа. Ние ќе продолжиме понатаму да го прошируваме нашето влијание на мрежата и да обезбедиме навистина поволни цени, како и да ја стимулираме локалната економија на заедниците кои ги опслужуваме. Без оглед на вашата желба за патување, сигурно ќе ја најдете дестинацијата која ќе ве воодушеви и ќе ве инспирира. Каде и да одлучите да летате, екипажот на Wizz Air ќе биде подготвен да ве прими со насмевка”, изјави Џорџ Михалопулос, главен комерцијален директор на Wizz Air, зборувајќи на прес-конференција во Скопје.

“Наше задоволство е што денес започнеме нова фаза во развојот на воздушниот сообраќај во Република Македонија. Како одговорно владино тело, ние сме силно посветени на развојот на воздушниот транспорт и создавање на услови за воспоставување пристап до нови дестинации за Македонските граѓани. Денес потпишавме договор со Wizz Air, што претставува почеток на нова соработка и можност за подобрување на воздушниот сообраќај во нашата земја. Би сакал да и честитам на авиокомпанијата. Тие остануваат сериозен партнер на Владата во развојот на воздушниот сообраќај во Република Македонија “, изјави министерот за транспорт и врски г-дин Горан Сугарески.


Видете следно

Отстранете го чувството на вина од вашето мени – „Junk free, guilt free”

Грижа на совест по јадењето, кога гладта ќе ја надвладее самоконтролата е чувство со кое …