Нови цени на горивата од утре


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,93% во однос на Одлуката од 07.09.2020 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 60,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесуваат 49,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,407 ден/кг и ќе изнесува 24,549 ден/кг.

Од 15.09.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 58,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 60,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 49,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 49,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 24,549 (денари/килограм)


Видете следно

Бесими: Подобра реализација на капиталните инвестиции со концептот СМАРТ финансии

Преку имплементирање на новиот концепт СМАРТ финансии, ќе се работи на подобрување на реализацијата на …