Новиот албански пасош долгогодишна желба на Реџепи: Бог да ја благослови Албанија


Пред неколку месеци албанските власти, со посветеност и потпис од Претседателот на Република Албанија, Илир Мета, официјално му дадоа албански пасош на Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.

„Особено сум чест и задоволен што, со поддршка на претседателот Илир Мета, човекот кој се грижи за Албанците каде и да се, одговорните власти на албанската држава ми дадоа албански пасош за кој мислам дека е од голема вредност. Овој пасош е мојата радост и остварување на долгогодишна желба, бидејќи го чувствувам како дел од мојата мајка држава. Бог да го благослови претседателот Мета, Бог да ја благослови Албанија!

Реџепи потоа се заблагодари на албанската држава и на Facebook го објави новиот пасош:


Видете следно

Заев бил сниман од Александар Верушевски на ручек во Струмица во 2016

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, денеска одговорајќи на новинарско прашање кој го снимал на еден …