Новиот медиум DesignThinking.MK ќе ве инспирира да размислувате креативно!


На нашиот простор е присутен еден нов и поинакoв медиум – DesignThinking.MK кој за разлика од тоа што сме навикнати да читаме во нашето секојдневие нуди една поразлична перспектива.

Инспирирани од самата практична примена на Design Thinking меѓу лидерите како Apple, IBM, Lego, и придобивките кои се остварени од примената на оваа методологија увидовме дека Design Thinking е вистинскиот начин да се открие потенцијалот на една компанија, тим, продукт, услуга. Резултатите сами сведочат за моќта на Design Thinking – токму затоа решивме да ја запознаеме нашата заедница подобро со оваа методологија преку инспиративниот медиум фокусиран токму на Desing Thinking! – изјавуваат од медиумот.

Преку DesignThinking.MK ќе можете од прва рака да се информирате и едуцирате за моќта на оваа методологија и нејзините предности. Преку различните интервјуа, блогови, едукативни видеа, прашања и одговори ќе имате можност да осознаете како Design Thinking методологијата може да ви даде одговори на најголемите предизвици но истовремено да научите како можете да ја применувате во вашето секојдневие.

Голем број на компании се издигнале користејќи оваа методологија која се фокусира на потребите на крајниот корисник и дава вистински одговори за идентификуваните потреби.

Целта на овој интерактивен медиум е да понуди поголема едукација за Design Thinking не само како методологија туку и како начин на размислување, отворање на нови перспективи и запознавање на македонската публика со светска методологија.Tокму затоа овој медиум е наменет за секој кој е спремен да одговори на предизвиците, без разлика дали станува збор за компанија која сака да го подобри својот продукт или услуга или пак амбициозен индивидуалец кој сака да се информира за најновите Design Thinking новости и да ги збогати своите вештини. По тој повод, наскоро се очекува да дознаете повеќе за Design Thinking преку искуствата на професионалците од нашиот регион, како и виртуелна работилница за осознавање на оваа методологија, за секој кој е подготвен да научи нешто ново и истото да го примени.

Овој инспиративен медиум ќе биде местото каде ќе можете да дознаете за последните Design Thinking трендови кај нас и пошироко.


Видете следно

Работодавачите бараат итно да се формира нова Влада и да се донесе нов сет антикризни мерки

Штип, 9 август (МИА) – Организацијата на работовачи бара брзо формирање на Влада, со цел …