Новиот Samsung Galaxy S4 ќе се управува со поглед


Корејскиот производител ќе претстави нов модел на 14 март, а тоа е Најновиот паметен телефон од Samsung ќе го следи движењата на очите и ќе извршува команди според гестовите направени со поглед.

Samsung веќе користи слична технологија за моделите Galaxy S3 и Galaxy Note II. Со помош на секундарната камера за видео повици, смартфонот препознава дали гледате екранот и утврдува дали уредот мора да заспие или да остане вклучен.

Исто така камерата работи заедно со сензорите за ориентација, со помош на кои телефонот одредува на каде да се заврти сликата што се визуелизира на екранот.

Јужнокорејскиот производител подготвува подобрувања во технологијата, кои ќе дозволат навигација на веб страници со поглед. Galaxy S4 автоматски ќе се лизга нагоре или надолу на содржината на страницата, а погледот ви стига до рабовите на екранот. Освен тоа, технологијата ќе ги препознава претходно дефинираните гестови со кои може да се отклучи паметен телефон или да ја стартувате апликацијата.

Samsung Galaxy S4 ќе биде првиот паметен телефон, кој ќе им овозможува управување со помош на гестови. Официјалното претставување на уредот ќе се одржи на 14 март во Њујорк.


Видете следно

Одржана работна средба помеѓу министрите за внатрешни работи на Република Северна Македонија и на Република Финска

Денеска во Министерството за внатрешни работи се одржа работна средба помеѓу министрите за внатрешни работи …