Новите министри ќе бидат предложени утре во Собрание


Утре премиерот Зоран Заев се очекува да ги достави до Собранието предлозите за новите министри. Засега не се знаат имињата. Од Владата не кажуваат дали меѓу нив има и заменици министри, но додаваат дека по предлозите на премиерот до Собрание, имињата ќе бидат познати за јавноста.

Премиерот Зоран Заев најави дека ќе бидат сменети вкупно 8 министри, и заменици и 20-тина директори на јавни претпријатија.

Неофицијално, од министрите на ДУИ заминува само Хазби Лика. Садула Дураку ќе раководи со новото Министерство за политички систем, а неговото место во животна средина ќе го заземе Насер Нуредини.


Видете следно

Пендаровски-Ердоган: Солидарност и сојузништво за справувањето со коронавирусот

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Република …