Новите резултати од годишните конкурси за проекти од музичко-сценска ја понижија македонската култура


Министерството за култура и оваа година не помина со скандали. Но, оваа ќе ја паметиме по тоа што овде беа најголеми во делот на конкурот за доделување на средства по повод Годишната програма и резултатите од годишните конкурси за проекти од национален интерес. Кои беа членовите на комисии и дали се релевантни за доделување на средствата?

Мина една година и пристигнаа нови резултати и нови нелогичности.

Тошо Филиповски, автор на единственото капитално дело за македонскиот рокенрол „Рок енциклопедија“ повторно е „најжесток коментатор“ на резултатите и на Фејсбук сподели објава по повод Конкурсот на Министерството за култура за доделување на средства по повод Годишната програма и резултатите од годишните конкурси за проекти од национален интерес…, пишуваат од Екран.мк

На објавата на Филиповски реагираше и Оливер Белопета:

„Тоше, од програмата се исфрлени и Jazz Festivalot (Скопскиот) и OFFest, колку за инфо, што значи дека повеќе ќе ги нема…“
Имаше реакции и од издавачки куќи а засега од МК нема никакви одговори на овие негативни реакции.

На веб страната пак на Министерстовот за култура има соопштение за избраните проекти од сите дејности:
„Министерството за култура, во согласност со законот, ги објавува резултатите од конкурсите кои содржат информации за носителот на проектот, краток опис, период и локација на имплементација, побарана и доделена поддршка од страна на Министерството за култура, како и конкретното бодирање на проектите.
За проектите кои се избрани на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година по дејности и области, министерот за култура одлучува по предлог на комисиите, односно надворешните соработници од членот 11 став (4) од Законот за културата, а за нив ќе бидат донесени решенија за проекти кои се поддржани и кои не се поддржани на Годишните конкурси.
Во согласност со член 65 став (5) од Законот за културата, по добиеното решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Жалбата не го одлага извршувањето.
Министерството за култура ќе склучи договор за финансирање проект од национален интерес во културата со субјектите кои се носители на прифатените проекти.

Претседатели на комисиите кои ги разгледуваа сите пристигнати пријави по одделни дејности се: Леонора Сејдиу (интердисциплинарна дејност), Плеурат Гаши (фолклор, музичко-сценска дејност), Бертон Сулејмани (издавачка дејност), Петар Арсовски (драмска дејност), Трајче Блажевски (визуелни уметности), Миле Велчовски (недвижно културно наследство), Мила Шурбановска (музејска дејност и нематеријално културно наследство), Вилдане Идризи (библиотечна дејност)“.

И Авалон продукција исто така не се од оние кои требаше да добијат средства од министерството. Од Авалон во врска одлуката сооштија: „Доволно е само да се погледнат рутите на турнеите на Lenny Kravitz, Sting и на Eros Ramazzotti и да се види дека Авалон Продукција наместо да ги одржи концертите во многу поголеми маркети какви што се Хрватска и Србија, го одбра Скопје. Исто како што проектот Ohrid Calling наместо да го префрлиме на море во Албанија, од петни жили се трудиме да го задржиме во Охрид.

Со сето ова, сакавме да дадеме реален придонес во годината во која на Македонија и` се отвораат евроатлантските перспективи во сегментот на работа во којшто сакале тоа да признаат другите или не, ние како независна продукција сме најквалитетни и најпотентни во целиот регион. А кога е ресорното министерство во прашање, бевме сигурни дека ќе биде препознаено дека со овие проекти не само што даваме огромен придонес на неверојатно ниското ниво на култура во Република Македонија, туку и дека за прв пат со вакви четири сериозно големи проекти сме апсолутни регионални лидери.

Не можам да кажам дека сум изненаден, туку едноставно сум шокиран како ова не е препознаено од Министерството за култура кое нема никаква друга работа, туку да препознава и да поддржува вакви идеи.

Интересно е што претседателите на комисиите немале слух ниту за востановените децениски музички манифестацино ниту за новите работи кои ќе се случуваат во Македонија а ќе ги ангажираат младите музички уметници. Пример за тоа е фестивалот „Андерфест“ на кој за 3. дена ќе настапат 31. македонски бенд, значи зборуваме за фестивал каков се нема случено на овие простори, а од друга страна се афирмираат младите бендови кои се борат за „свое место на сцената“…
Секоја година нови проблеми…, пишуваат од редакцијата на ЕКРАН.мк


Видете следно

Уште 100 дена до најголемиот спортски викенд во Охрид

Уште точно 100 дена преостануваат до најголемиот спортски викенд во Охрид, кој ќе биде исполнет …