Ново Лисиче добива нов паркинг


Нов паркинг-простор се гради во непосредна близина на детската градинка „Буба Мара“ во населбата Ново Лисиче.

Паркингот обезбедува околу 50 паркинг-места, со што се решава долгогодишниот проблем на жителите од околината, но и на родителите кои со возила ги оставаат и ги земаат своите деца од градинката.

Општина Аеродром во изминатиот период ги прошири паркинзите на три локации во непосредна близина на булеварот „Видое Смилевски-Бато“.

Ваквата динамика ќе продолжи секаде каде што просторот го дозволува тоа. Остануваме посветени на решавање на инфраструктурните прашања.


Видете следно

Владата се задолжи 160 милиони евра кај ЕУ за справување со последиците од пандемијата

Владата ја донесе Уредбата со законска сила за задолжување на Република Северна Македонија кај Европската …