Нуредини оствари средба со косовскиот министер за животна средина и просторно планирање Матоши


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денес во Приштина, Косово оствари работна средба со министерот за животна средина и просторно планирање на Косово, Фатмир Матоши. Во изјавата дадена на медиумите по состанокот, министерот Нуредини изјави:

– Задоволство ми е што денес сум во Приштина и што се сретнaв со мојот колега Матоши. Се надевам дека од оваа средба ќе излеземе со низа иницијативи за плодна соработка меѓу двете соседни земји, затоа што – јас верувам, а сите ќе се согласиме – животната средина не знае за граници.

Министерот Нуредини нагласи дека Република Северна Македонија и Република Косово ги делат скоро истите проблеми со животната средина, загадувањето на воздухот, управувањето со отпадот, водата, природните ресурси, итн., и ја искажа својата длабока убеденост дека соработувајќи во правилното менаџирање со заедничките проблеми од областа на животната средина, стануваме уште поблиски како соседи, гледаме колку имаме заедничко и колку поголем бенефит имаме работејќи во партнерство. На крајот Нуредини изрази надеж за успешна идна соработка.


Видете следно

Производите со несогорлив тутун можат да бидат едно од решенијата за денталните проблеми предизвикани од пушењето

Чадот од цигарите е одговорен за многу болести и промени на забите и усната празнина, …