О’Брајан: Дијалогот ќе го унапреди мирот преку економската соработка


Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Роберт О’Брајан, денеска изјави дека претстојната средба на претставниците на Белград и Приштина во Вашингтон ќе го унапреди мирот преку економска соработка.

О’Брајан ги пречека српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти во Вашингтон, пред утрешниот состанок во Белата куќа.

„Овие важни дискусии ќе го промовираат мирот преку економска соработка. Србија и Косово ќе имаат корист од посветеноста на дијалогот меѓу двајцата лидери”, напиша О’Брајан во порака на Твитер.

Домаќин на состанокот во Вашингтон е О’Брајан, како и специјалниот пратеник на американскиот претседател за преговорите меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел.

Вашингтон, 2 септември 2020 (МИА)


Видете следно

Деспотовски во посета на ТИР зоните во Скопје, најавени повисоки плати и нови инвестиции

Поттикнување на нови инвестиции и како да се стимулира растот на платите, беа во фокусот …