Обиен домот на публицистот и режисер Александар Русјаков: Сироти крадци. Да упаднеш во стан во кој има само книги, стрипови, икони и фичмови …


Публицистот и режисер Александар Русјаков вчера откри дека крадци му го обиле домот.

Целиот статус на Русјаков:

Иронија 1:
Излегувам на час и половина, среде бел ден. за да позајмам 1.000 денари, да се истера ден-два, се враќам дома, станот обиен.

Иронија 2:
Вчера почнав да пишувам концепт за ситком, семејство крадци кои функционираат како нормално семејство, денес ми го обиваат станот.

Интересни податоци:
Сироти крадци. Да упаднеш во стан во кој има само книги, стрипови, икони и фимови, не ќе да ти е баш среќен денот. Ни денар, ни злато, ни парфем, ни брендирана гардероба, ни скапа техника… чисто промашување.

Ах да, најважната работа. Не го чепнале лаптопот. Таму ми е уметноста, сиот живот. Очигледно немале доволно време.

Искуство со полицајците, инспекторите и крим техника… одлично. Културни и професионални.
Сега ми останува да проверам само да не дошле крадциве да остават нешто, а не да земат.


Видете следно

За една недела отстранети 236 непрописно паркирани возила од јавните површини во град Скопје

Во текот на изминатата недела (05.12 – 11.12.2019 година) со специјалните возила пајак се подигнати …