ОБЈАВЕН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ЗА ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИ


Врз основа на Методолoгијата за определување на критериуми за доделување на финансиска помош на здруженија на граѓани и фондации од буџетот на општината Битола (,,Службен гласник на општината Битола“ бр.5/16), општина Битола, го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2019 година. Распределбата на средствата за здруженијата/фондации од буџетот на општина Битола се врши преку грантови за проекти во приоритетни области и цели кои се однесуваат на: локален и економски развој, образование, култура, техника, наука, здравство, спорт, екологија и други области. Информацијата за критериумите за аплицирање и потребната документација, како и потребните обрасци за аплицирање може да се најдат на следниот линк: http://www.bitola.gov.mk/јавен-повик-за-здруженија-на-граѓани-и/.

 


Видете следно

Севкупно валоризирање на професионалниот статус на полициските службеници останува висок приоритет за МВР

„Полициската професија, без оглед за кој нејзин сегмент станува збор, е специфична и пред сè, …