Објавен конкурс за најуспешни и најхумани медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри од Р.Македонија


Унијата на здруженија предводена од ЗМСТА – ЗА НАС известува дека по повод „Интернационалната недела на сестринството” (05-12 мај) објавува конкурс за “најуспешна и најхумана сестра”, на кој може да аплицираат сите медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри од Р.Македонија.

„Конкурсот ќе трае до 24 април, а за пријавените кандидати ќе одлучува комисија според претходно утврдени критериуми.

Избраните кандидати ќе бидат прогласени на 11-ти мај 2018 на свечената академија по повод “Денот на медицинската сестра”.

Плакетата за најхумани и најуспешни ќе го промовира и мотото на сестринството во Македонија: „Ние медицинските сестри можеби не сме ангели, но сме втората најубава работа по ангелите”.

Целта на конкурсот е да се започне традиција каде ќе се истакне и почитува секој вложен труд. Без оглед на возраста, степенот на образование или години на работно искуство, кандидатите може да конкурираат самостојно или пак да ја посочат колешката/колегата кој/а според нив треба да го носи епитетот НАЈХУМАН/А.

ПОТРЕБНИ ПОДАТОЦИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ:
– кратка биографија
– учество во хумана мисија/дело
– фотографија
– пропратно писмо на тема „НАЈХУМАНИ И НАЈУСПЕШНИ за 2017-та”
(образложете зошто таа/тој е Вашиот избор)
Сите податоци потребно е да бидат испратени на ел.адреса: zanas.zmsta@gmail.com
Конкурсот е објавен на страната на здружението: https://goo.gl/kMuEdQ“, се вели во огласот на Здружението.

Видете следно

70 години од Porsche прославени на легендарниот Goodwood Festival of Speed

Историската тркачка патека Goodwood му оддаде чест на Porsche и неговите 70 години постоење со …