Објавен националниот конкурс „Иновативно претпријатие на годината“


Фондацијата Претприемачки Сервис за Млади во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“, финансиран од ЕУ, објавува конкурс до сите компании регистрирани во државата за избор на „Иновативно претпријатие на годината“.

Националниот конкурс „Иновативно претпријатие на годината“ е признание кое се доделува на иновативни македонски претпријатија кои успешно лансирале иновација во своето
работење. Конкурсот има за цел да промовира успешни бизнис модели и достигнувања базирани на иновации и нови технологии од македонски компании во сите индустриски
сектори. Овој конкурс ги препознава и наградува иновативните компании кои имаат развиено нови или значително подобрени производи, услуги и/или процеси во изминатите
три години (2016, 2017 и 2018 година). Заинтересираните компании ќе можат да аплицираат на една од трите категории: старт-ап, мала и средна компанија. Конкурсот е отворен за сите индустриски сектори.

Преку награден фонд од вкупно 600.000 денари, обезбеден со поддршка на Град Скопје, наградени ќе бидат 3 компании со 200.000 денари, средства кои компанијата ќе ги
искористи за унапредување на конкурентноста на иновацијата и интернационализација на бизнисот. Најдобрата компанија од секоја категорија ќе добие признание за успешност и ќе биде промовирана на првата манифестација „Иновативно претпријатие на годината“ која ќе се одржи на 29 мај во Скопје. Добиените средства компанијата ќе може да ги искористи за следниве цели:

• Заштита на интелектуалната сопственост на иновацијата
• Посета на меѓународни саеми, конференции, б2б настани
• Купување опрема

Компаниите треба да пополнат форма за апликација и истата да ја испратат на info@yes.org.mk најдоцна до 25 април. Конкурсот и формите за апликација се достапни на
следниов www.pretpriemac.mk/konkurs-inovativno-pretprijatie.

Сите заинтересирани компании ќе можат да учествуваат на еден од 3те информативни денови за конкурсот преку регистрација на следниов линк кои ќе се одржат на:
• 5ти април – Штип
• 10ти април – Скопје
• 12ти април – Охрид


Видете следно

Детската имагинација не познава граници – Летната Design Thinking школа покажа дека најмладите можат да го сменат светот, ако им се даде вистинска шанса за тоа! 

Децата се имагинативни, храбри и самоуверени уште од најрана возраст. За да можат да ја …