Објавени се агендата и листата на говорници на Втората конференција за е-трговија


Листата на говорници на Втората годишна конференција за е-трговија под наслов „БИЗНИС РАСТ СО Е-ТРГОВИЈА“ во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, успеа да се комплетира со звучни имиња, меѓу кои реномираните меѓународни експерти во е-трговијата, Скот Рифер и Џејми Пит, кои располагаат со експертиза и искуства, вредни да бидат слушнати.

Како новиот „Пат на Свилата“ влијае врз економиите на Балканот? Како локалните играчи можат да напредуваат и да се натпреваруваат со глобалните лидери во е-трговијата? Одговорите на овие прашања ќе бидат презентирани од страна на Скот Рифер од САД, кој е советник во The Associated Press, директор на Nanigans & ShopPad Inc и експерт за маркетинг канали за е-трговија (Е-commerce Marketing Funnels). Рафер после повеќе од 20 години раководење на стaртапи за софтвер, сега работи на создавање партнерства за иновации помеѓу неколку големи стартапи во електронската трговија и логистиката со оператори низ целиот свет, кои учат како да се натпреваруваат со Amazon, Alibaba и Tencent/JD/Walmart. Тој е ко-основач, директор и/или набљудувач на одборот во Mashery (купен од Intel), MyBlogLog (купен од Yahoo!), Flow.space, Shiphawk, Shippabo, Nanigans, Newswhip, ShopPad и Zemanta (купени од Outbrain).

Друг познат говорник на конференцијата е и Џејми Пит, кој моментално е глобален директор на малопродажна стратегија за McCann Worldgroup, а воедно, е и директор за ефективност за McCann Worldgroup Велика Британија. Тој е одговорен за спроведување на глобалната CPG и продажна пракса која има за цел да ги поддржи, промовира и споделува најдобрите размислувања, пристапи и практики за продажба на глобално ниво. Во 1991 година, Џејми ја формира Blue Banana, агенција за увид (insight) и иновации и работи со брендови како Persil, Dove, Cif, Flora, Clearblue, Marks and Spencer и Kelloggs, како на национално, така и на меѓународно ниво. Во 2010 година, Blue Banana станува дел од McCann Manchester, каде станува главен и одговорен на одделот за стратегија и дел од раководниот тим за Aldi. Темата на неговиот говор на конференцијата за е-трговија е „Раст со иднината на трговијата“.

Покрај овие теми, агендата на Втората годишна конференција за е-трговија вклучува презентации поврзани со градење на брзорастечки бизнис за е-трговија низ докажан план во 7 фази, како електронските продавници можат да ги искористат придобивките од органските (бесплатни) посети, раст со податоци преку А/Б тестирање, мапирање на пазарот на е-трговија и презентирање на ексклузивни резултати од истражувањето колку тежи е-трговијата во РС Македонија. Дел од конференцијата ќе бидат панел дискусии на теми во врска со проблемите и придобивките на локалните е-пазари и иновативност во е-трговијата како глобална експанзија од дома, како и „fireside“ разговори со претставници од Halk Bank, Vip и Dijaspora.Shop.

Втората конференција за е-трговија претставува уникатна прилика да се добијат најдобрите совети од реномирани меѓународни и домашни експерти за раст и развој на бизнисот преку користење на придобивките на електронска трговија, а истата ќе се одржи на 25 октомври 2019 во Double Tree by Hilton, Скопје. Картите се веќе во продажба, а до 15.09. можат да се набават Early Bird карти, кои се во ограничени количини и се со промотивна цена од 79 евра (+ ДДВ).


Видете следно

Кварталниот извештај на Тесла може да му донесе уште седум милијарди долари на Маск

Кварталниот извештај на компанијата Тесла, кој ќе биде објавен подоцна денеска, може да му донесе …