Објавување на добитниците на финансиска поддршка за предизвикот „Младите создаваат“


Панел дискусија на која ќе бидат објавени добитниците на финансиска поддршка на предизвикот за воспоставување лаборатории за производство FAB LABS „Младите создаваат” организира денеска Фондот за иновации и технолошки развој.

На панел дискусијата, како што е најавено, ќе се обратат Катерина Кречева, раководител на Секторот за програми во областа на образование, истражување, развој и иновации при ФИТР, потоа Огнен Тутески од Центаот за истражување, развој и континуирано образование ЦИРКО ДООЕЛ Скопје, Живко Коколански од Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ, Игор Јорданов од Здружението „Ино тех клуб Штип” и Јадранка Аризанковска од Стопанската комора, која е член на Комисија за оценување и избор. рп/бак/



Видете следно

ЕДУФРОНТ во најава на нови уписи со бесплатни денови за запознавање со дигиталните патеки

Гордана Мишевска, сопственик и директор на Едуфронт, онлајн компјутерски центар за деца од 8-14 год. …