Облачно со повремен дожд


Времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, претежно во крајните западни и источни делови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а дневните од 16 до 25 степени.


Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и посвежо со утринска температура до 14 степени, а дневна до 25 степени.

Во следните денови ќе има повеќе сончеви периоди и дневните температури ќе бидат значително повисоки. Услови за локален дожд ќе има во недела, информираат од УХМР. рп/вј/

Скопје, 9 септември 2021 (МИА) –


Видете следно

Во Скопје 173 сообраќајни прекршоци, 48 за брзо возење

Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територијата на град Скопје …