Од 1 октомври 2019 година подигање на лекови на товар на Фондот само со рецепт и лична карта/пасош


Осигурените лица од 01.10.2019 година ќе можат да ги подигнуваат лековите во аптека само врз основа на рецепт и документ за лична идентификација (лична карта или пасош), соопштуваат од Фондот за здравствено осигурување.

До тој период, на сила се постоечките позитивни прописи, со кои пропишување на лекот кај избраниот лекар како и постапката при издавање на лекот во аптеката се врши со здравствена легитимација заедно со личен идентификациски документ на +осигуреното лице (лична карта или пасош) при користење на здравствени услуги на товар на Фондот, односно до 1 октомври 2019 година.

Фондот како купувач на здравствени услуги е конструктивен и отворен за соработка со сите чинители во здравствениот систем и работи на имплементација на соодветно електронско решение со кое ќе се олесни администативното работење на здравствените установи при пропишување и издавање на лекови на рецепт, во интерес на поефикасна и подостапна здравствена услуга на осигурените лица.


Видете следно

Донација од САД за нашата полиција

Вчера во Центарот за обука во Идризово од страна на амбасадорката на САД во Република …