Од 13 до 17 мај Фестивал на новиот германски филм во Домот на култура во Кавадарци


Фестивалот на новиот германски филмски пристигнува во Кавадарци. Од 13 до 17 мај 2019  година, Германска Амбасада, Гете-институт Скопје, ПроКредит Банка и Македонски Телеком, по четиринаесетти пат ќе го презентираат „Фестивалот на новиот германски филм“ во Центарот за култура во Кавадарци.

Трагикомедијата „100 работи“ која зборува за тоа колку конзумеризмот нè обзема и колку ги користиме материјалните рaботи за да ги искомпензираме суштинските во режија на Флориан Давид Фиц е филмот кој ќе го отвори фестивалот на 13 мај во 19:30 часот.

Покрај филмот „100 работи“ ќе имате можност да ги погледнете и филмовите „Жешко столче“, „Во време кога светлината згаснува“, „Исход на вистината“, „Љубопитниот Тоби и тајната на нашата планета“, „Тим Талер или момчето што ја продаде својата насмевка“, „Помош, ги смалив родителите“ како и серијалот на кратки филмови. Филмскиот фестивал на новиот германски филм веќе од 14 до 22 мај ќе започне со проекции и во Куманово.


Видете следно

Кина го покажа возот прототип на маглев, кој достигнува брзина од 600 км / ч

Нов “лебдечки” воз, кој може да достигне брзина од 600 км / ч, прототип на …