Од 92 седница на Владата на РМ: Одлука за доставување Предлог до Собранието на РМ за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија


Согласно стратешките приоритети на Република Македонија – членството во ЕУ и НАТО, Владата на Република Македонија на денешната 92 седница го разгледа Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, со Насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија, како следен чекор кој произлегува од Договорот од Преспа меѓу Република Македонија и Република Грција.

Владата на РМ го утврди текстот усогласен согласно укажувањата изнесени во расправата на седницата на Владата и врз основа на член 130 од Уставот на Република Македонија и членовите 193 и 194 од Деловникот на Собранието на Република Македонија заклучи да го достави до Собранието на Република Македонија, со предлог да го разгледа Собранието и да донесе одлука за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија.

Предлогот и насоките за изменување и дополнување на Уставот на РМ можете да ги симнете на следниот линк.

Сега сите членови на Собранието на РМ, сите пратеници, без разлика на која партија ѝ припаѓаат имаат историска должност и обврска пред граѓаните, да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност, безбедност и економски просперитет, а тоа е патот кон НАТО и ЕУ кој води преку македонско-грчкиот договор.

Од пратениците во Собранието на Република Македонија се очекува одлука во таа насока и како израз на почитување на волјата на граѓаните коишто гласаа на референдумот, како и на волјата на околу 80% од граѓаните кои континуирано се изјаснуваат дека го одобруваат членството на нашата земја во ЕУ и НАТО.

Од денеска остварувањето на оваа визија е во рацете на секој пратеник одделно и таа зависи од нив. Тие треба да донесат одлука со која ќе ја направат Република Македонија подобра земја, убаво место за живеење на секој граѓанин.


Видете следно

КОЛЕВ ОД РИМ: ЗАЕВ И МИЦКОСКИ ГО РУШАТ МЕЃУНАРОДНИОТ АВТОРИТЕТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ

За жал морам да констатирам дека политичките игри и препукувања помеѓу премиерот Заев и претседателот …