„Од Битола се може“ – Претворете ја вашата идеја во бизнис


Од Битола се може за неполни две недели побуди интерес кај потенцијалните инвеститори.

Интерактивната и динамична панел дискусија под наслов “Од Битола се може (и)” која кон средината на декември се одржа во Битола како најава за акцелераторска програма за старт ап програми во Пелагонискиот регион –  Employouth проект координиран од ПРЕДА Плус фондација и ФИКТ- факултет за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот “Св. Климент Охридски” Битола пред Новогодишните празници потпиша меморандум за соработка со Х фактор акцелераторот од Велес.
Овој акцелератор го основаат четворица партнери, поединци со големо практично искуство во креирање, управување и поддршка на развојот на успешни стартап бизниси.
Вмрежувањето на проектот на Преда Плус со вакви партнери дава уште поамбициозни шанси да поддржи и унапреди бизнис идеи на млади луѓе до 35 години од Пелагонискиот регион.

Затоа уште еден поттик до сите заинтересирани невработени лица, студенти, дипломци до 35 години кои имаат некаква идеја, апликација или решение за одреден проблем да аплицираат преку пополнување на следната он-лајн форма https://bit.ly/2L002VN

Заинтересирани инвеститори има, доказ е потпишаниот меморандум за соработка, се чекаат Вашите идеи!

ШТО ПРЕТСТАВУВА EMPLOYOUTH ПРОГРАМАТА?
Акцелераторската програма е дизајнирана да поддржува стартапи во рана фаза, со цел да се поттикне развој на иновативни идеи во повеќе области. Во период од 6 месеци Универзитетскиот Акцлерератор ќе обезбеди тренинг и  менторски услуги за учесниците кои ќе се пријават на првиот повик за учество акцелераторската програма.

ПРЕТВОРЕТЕ ЈА ВАШАТА ИДЕЈА во БИЗИС!!!
Аплицицирајте со иновативна идеја од било која област, а ние ќе обезбедиме:
• Поддршка за дефинирање на идејата во бизнис план
• Поддршка и градење на вештини за водење на бизнис
• Пристап до инвеститори
• Вмержување

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?
Сите заинтересирани невработени лица, студенти, дипломци до 35 години кои имаат некаква идеја, апликација или решение за одреден проблем.

КАКО?
Сите заинтересирани, најдоцна до 15 јануари 2019 можат да аплицираат преку пополнување на следната он-лајн форма https://bit.ly/2L002VN

 

 


Видете следно

Шест стручни комисии одлучија 180 проекти да не добијат никаква подршка од Град Скопје

Град Скопје ги објави добитниците на Конкурсот за финансирање на манифестации, проекти и творештво на …