Од денес ова се новите цени на горивата


Нова цена на горивата во Македонија. Бензините и дизелот од полноќ ќе бидат за половина денар поскапи, реши на денешната седница Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката, Дизелот и ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе бидат поскапи за половина денар и ќе се точат за 60.5 денари дизелот и 69,5 денари за 98 октанскиот СУПЕР.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС 95 нема да се промени и ќе се точи за 67 денари по литар.

Малопродажните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат за моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -95 – 67,00 денари за литар, моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 – 69,50 денари за литар, дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС Д-Е V – 60,50 денари за литар.


Видете следно

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Р.Латвија, Големото Војводство Луксембург и Р.Ирска

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори …