Од денес ова се новите цени на горивата


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 0,31% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 23.03.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намали за 1,00 денари за литар и изнесува 48,50 ден/лит. Кај малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се бележи намалување за 1,50 денари за литар и сега изнесува 50,50 ден/лит.

 Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на  Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 0,50 денари/литар во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 23.03.2020 година и изнесува  46,00 ден/лит за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 35,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 0,153 ден/кг и ќе изнесува 18,891 ден/кг.

Од 31.03.2020 година максималните цени на  нафтените деривати изнесуваат:

Моторен бензин                       ЕУРОСУПЕР БС – 95                            48,50 (денари/литар)

Моторен бензин                      ЕУРОСУПЕР БС -98                             50,50 (денари/литар)

Дизел гориво                           ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                       46,00 (денари/литар)

Масло за горење                      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               35,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                      18,891 (денари/килограм)

Клучните фактори што влијаат на крајната цена согласно Методологијата за формирање на цените е курсот на денарот во однос на доларот и референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.

 


Видете следно

Владата ја одржа 58-та седница

Владата на Република Северна Македонија на денешната 58-ма седница ги разгледа и ги усвои Протоколот …