За денар ипол од полноќ поевтинија Еуросупер БС – 95 и Еуросупер БС-98, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапеа за половина денар.
Согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 се продава по цена од 59 ден/лит, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 61 ден/лит.
Новата цена на дизелот е 50 ден/лит, а по иста цена се продава и Екстра лесното масло за домаќинство.
Малопродажната цена на мазутот се зголеми за 0,302 ден/кг и тој сега се продава за 25,968 ден/кг.
Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,34 проценти. бак/са/
Скопје, 5 октомври 2020 (МИА) –