Од денес повисоки цени на горивата – Ова се новите цени!


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,57% во однос на малопродажните цени утврдени согласно одлуката од 23.11.2020 година.

„Одлуката за зголемување на нафтените деривати е резултат на растот на берзанските цени на суровата нафта и нафтените продукти. Растот на светските берзи на референтните цени на суровата нафта и нафтените деривати се должи поради неколку фактори и тоа: оптимизмот што ја предизвика информацијата за почеток на масовно вакцинирање,  враќањето во нормала на индустрискиот сектор во Европа, што пак предизвикува зголемување на побарувачката, а од друга страна го имаме третиот фактор а тоа е недефинираната идна стратегија за производство кај земјите  на ОПЕК и коалицијата, што резултира со намалување на залихите од сурова нафта од почетокот на пандемијата.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Со вчерашната одлука малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,020 ден/кг.

Од 1.12.2020 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати изнесуваат:

Моторен бензин                     ЕУРОСУПЕР БС – 95                           60,50 (денари/литар)

Моторен бензин                    ЕУРОСУПЕР БС -98                            62,50  (денари/литар)

Дизел гориво                          ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                      53,00 (денари/литар)

Масло за горење                    Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)             53,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                      28,501  (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период  сите референтните цени на светските берзи бележат зголемување: бензинот за 7,367%, дизелот за 8,449%, екстра лесното масло има зголемување во просек за 8,569 %  и кај мазутот од 6,026%.


Видете следно

Собранието разгледа повеќе закони, гласањето ќе биде дополнително закажано

Пратениците попладнево ја продолжија 29. седница, на која на дневен ред се повеќе закони од …