Од денес промена со временската прогноза: Еве какво време не очекува


И полека но сигурно на убавите денови им се влижи крајот, со што веќе почнувајќи од денешниот ден (петок) особено во текот на попладневните и вечерни часови се очекува локално дестабилизарење на атмосферата. Но сепак повеќе сончеви, стабилни и суви периоди ќе имаме претпладнето во Македонија. А попладне и вечерта ќе започне да наоблачува па така ќе се развива развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. НАПОМЕНА: Ќе има делови каде што е можно врнежите да изостанат, додека во некои региони истовремено би можело да падне и солидно убава количина на врнежи за краток временски период. Ќе биде топло, а во оние делови кои ќе бидат опфатени со врнежи и грмежи ќе знае убаво да освежи.

За време на викендот се очекува подрачјето на Македонија да биде под дејство на циклонска активност од Медитеранот, па така судејќи според моменталните податоци особено во денот сабота со нестабилност и од бран врнежи се очекува да биде зафатена најголем дел од територијата на Македонија. Кога на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално се можни и ПОИНТЕНЗИВНИ АТМОСФЕРСКИ процеси кои би биле застепени и во форма на локално НЕВРЕМЕ со засилен ветер и појава на град, па така на оние места каде што ќе се појават овие процеси се очекува да падне и значително количество на врнежи и тоа за краток временски период.

По се изгледа и следната седмица ќе ја започнеме со променливи и локално нестабилни временски прилики, дневните температури ќе бележат теденција на постепено опаѓање. Како и да е промената ние сепак се поблиску, дождот за многу работи а особено за оние земјоделски доцни, но селак е добредојден со оглед на тоа што во многу делови на Македонија владее голема суша. Но издржете сосема уште малку, промената започнува од денес, а во многу делови од утре.

Подготви: #ДенисМуховиќ


Видете следно

Започна специјалната програма на  „Форумот на словенските култури”  во  Санкт Петербург

Со Меѓународната конференција „Културните рути на словенскиот свет на мапата на Еврпа”, вчера во Санкт …