Од денеска автобусите на ЈСП ќе сообраќаат до 23 часот


Јавниот превоз од денес ќе сообраќа до 23 часот, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Последните термини на поаѓање пред 23 часот како и останатиот возен ред, до наведените последни термини, е достапен на веб-страницата на ЈСП Скопје. Билетарниците и центрите за персонализација ќе работат вообичаено.


Посочениот режим, како што велат од ЈСП, е согласно последната одлука на Влада на Република Северна Македонија, за забрана за движење на населението од 23 до 5 часот. ар/са/

Скопје, 4 мај 2021 (МИА)


Видете следно

Во пресрет на сезоната на можни пожари на отворен простор во државата – координативен состанок за превенција

Во пресрет на сезоната на можни пожари на отворен простор во државата, денеска, (11.05.2021), под …