Од ЕСЕ бараат промена и развој на политките за вработување за поголема вклученост на жените на пазарот на труд


Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ смета дека многу мал дел од Буџетот на државата се издвојува за политики на вработување, и оти голем дел од невработените кои не се регистрирани или пасивни баратели на работа немаат пристап до мерките што се спроведуваат, што особено влијае врз жените. Затоа од ЕСЕ бараат државата да направи проценка на потребите на сите невработени жени, да развие нови мерки, да направи стратегија за намалување на пасивнитте политики за вработување, но и стратегија за охрабрување невработени да се регистрираат или либерализација на политики за вработување со можност за користење од оние кои не се во државниот систем.

-Стапката на активност на работоспособното население во земјава до крајот на минатата година изнесувала 57.5 отсто, а на невработеност 17.3 отсто, што е значително повисоко од земјите членки на Европската унија. Жените се помалку од половина од број на активна работна сила, односно 39 проценти. Државата издвојува во просек 0,16 отсто од БДП за спроведување на политики за вработување, и приближно 20 проценти од буџетот за вработување, 70 проценти за пасивни политики за вработување, што е под просекот на земјите од ЕУ. Невработените лица кои не се регистрирани 55 отсто од вкупниот број на невработени немаат право на пристап до мерки за вработување. Ваквото ограничување особено влијае врз жените, покажува анализата на истражувањето на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените „Пристап на жените до пазарот на труд и активните политики за вработување” врз кое тие ги темелат препораките до Владата.


Според ЕСЕ има четири главни категории мерки и тоа за директно создавање на работни места, за стимулирање на вработување, потоа обуки за вработување и работа во заедницата.

Од дружението велат дека Министерството за труд и социјални политики да спроведе проценка на потребите на невработените жени без разлика дали се регистрирани или не, да развие нови мерки, да ги усогласи тековните, да направи стратегија за долгорочно намалување на пасивните политики за вработување, а Агенцијата за вработување да развие и подготви упатства за вклучување на жените за секоја активна програма, мерка и услуга за вработување.


Анализата се заснова на јавно достапни податоци за периодот од 2015 до 2019 година. Дел се обезбедени преку постапка за слободен пристап до информации од јавен карактер. Аналиазата Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ја иарзботило како дел од проектот „Дади приоритет на родовата еднаквост”, финансиран од Европската Унија. сст/ац/

Скопје, 21 декември 2020 (МИА) 



Видете следно

Финансиско ветување за борба против кризата со храна на крајот на Самитот на Г7

Групата богати нации Г7 се очекува денеска да го заврши својот тридневен самит на Баварските …