Од идната година мотоциклистите во Париз ќе мораат да плаќаат три евра за еден час паркирање, и две евра во преостанатите арондиснам


Од 2022 година, мотоциклистите во Париз ќе мораат да плаќаат за паркирање, додека електричните мотоцикли ќе можат да паркираат бесплатно.Со таквата одлука, париските власти се обидуваат да ги намалат бучавата и загадувањето, јавија француските медиуми.

Од јануари следната година, мотоциклистите кои не се граѓани на еден од 11-те централни арондисмани, ќе плаќаат три евра за еден час паркирање, и две евра во преостанатите арондиснами.


Тој трошок е двојно помал од новите цени на паркирање за автомобили.

Граѓаните кои живеат во централните области ќе плаќаат годишен билет за паркирање на мотоцикли од 22,5 евра. зш/

Париз, 18 јуни 2021 (МИА)


Видете следно

ЈуТјуб ја суспендира телевизијата Скај њуз Австралија поради дезинформации за Ковид-19

Вашингтон, 1 август 2021 (МИА) – ЈуТјуб (YouTube) денеска објави дека на една недела го суспендира …