Од издадените одобренија за градење 53.8 % се наменети за објекти од високоградба


Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2018 година се издадени 249 одобренија за градење,  што е за 3.9 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 214 781 илјада денари, што е за 73.3 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 134 (53.8 %) се наменети за објекти од високоградба, 44 (17.7 %) за објекти од нискоградба и 71 (28.5 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 249 објекти, на 161 (64.7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 88 (35.3 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 965 станови, со вкупна корисна површина од 62 340 м2.

 

Видете следно

До десет илјади евра неповратни средства за младите земјоделци преку Програмата за рурален развој

Сите млади земјоделци кои имаат до 40 години и  се запишани во Единствениот регистар на …