Од понеделник почнува бербата на вишна во Пијанец


Од понеделник почнува бербата на вишна во Пијанец. Добриот род и квалитетната вишна, како што информира овоштарот Мишо Величковски, ќе ја окарактеризираат бербата за која ќе бидат потребни и добри работници, за навреме да се заврши истата.

-Бербата конкретно на моите насади ќе се одвива на површина од девет декари кај местото викано ,,В’ко” во атарот на село Драмче. Квалитетот на вишната е прва класа. Овоштарникот е според систем капка по капка, со сите стандарди. Употребата на препарати за заштита е според програмата на Европската Унија. За сите работници е обезбедена добра цена и услови за работа, така што се надеваме дека бербата ќе заврши во предвиениот рок, вели Величковски.

И најголемиот производител на вишна од сопствен насад ,,Рудине” најави берба на вишната од понеделник. Вишната ќе се бере машински.

По модрата слива, вишната е една од најзастапените овошни култури во Пијанец. Поради добриот род и годинава се очекува најголем дел од производството да заврши на европските пазари.

Делчево, 4 јули 2020 (МИА)


Видете следно

Канализацискиот систем не е депонија, граѓаните да се однесуваат одговорно со отпадот

Скопје, 7 август 2020 (МИА) – Граѓаните да се однесуваат одговорно и да не фрлаат отпад …