Од следната недела Youtube ќе наплаќа за слушање музика


Платформата за видео содржини YouTube официјално објави дека ќе стартува платената услуга за претплатници, која им овозможува на корисниците да слушаат музика со висок квалитет без реклами, пишува весникот The Verge.

Услугата ќе се вика YouTube Music Key и ќе биде ставена во пробна верзија следната недела. Идејата е да ја капитализира позицијата на YouTube на најголемата услуга за онлајн Стриминг, нудејќи нови алатки како за претплатници, така и за бесплатно користење.

Првично YouTube Music Key ќе биде достапна во САД и шест европски држави. Компанијата планира да обезбеди нови можности за корисниците, кои сакаат да слушаат музика. Меѓу нив е новата музичка табела за Android, iOS и персонални компјутери, која прави персонализирани препораки за музички видеа, плејлисти и слушање настапи.

Страницата ќе презентира и цели албуми на сосема нов начин, покажувајќи Дискографија на уметниците заедно со музички клипови и скришна содржина.

“Уметниците и обожавателите го направија YouTube најголемата музичка услуга во светот. Сакаме да продолжиме да го развиваме YouTube како најдобро место за врската помеѓу уметниците и публиката”, вели Кристофор Милер, директор на одделот за глобално партнерство на сопственост на Google.


Видете следно

Каква вода пијат скопјани?

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, …