Од среда до недела „Гола месечина“


Традиционалниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ ќе се одржи по осми пат, и тоа од 15 септември (среда) до 19 септември (недела), под отворено небо во Спортскиот центар „Ново Лисиче“, во организација на Општина Аеродром и НУ „Театар комедија“.

Фестивалот ќе се одржи според сите утврдени протоколи за организирање манифестации од отворен карактер. Фестивалот на комедијата и годинава ќе биде од ревијален карактер и ќе изостанат претставите од соседството, а целосниот фокус ќе биде ставен врз македонската продукција на комедии. Сите претстави ќе почнуваат во 21:00 часот.
Поради ограничениот број на седишта (200), ќе може да се влегува само со билети (бесплатни) што можат да се подигнат од пријавницата на Општина Аеродром од 9:00 до 15:00 часот на денот на секоја претстава. Едно лице може да подигне два билета за една претстава со приложување лична карта, и тоа само доколку поседуваат сертификат за вакцинација.
Во прилог, погледнете ја програмата за годинешното издание на „Гола месечина“:


СРЕДА (15.9.2021) „Грдиот“- НУ „Театар Комедија“ – Скопје (режија: Ирена Стеријовска, играат: Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски, Тони Денковски и Наталија Теодосиева).

ЧЕТВРТОК (16.9.2021) „Чудесна терапија“- НУ „Драмски театар“ – Скопје (режија: Димче Николовски, играат: Соња Стамболџиоска, Маја Вељковиќ Пановска и Предраг Павловски)

ПЕТОК (17.9.2021) „Што е силеџија“- НУ „Театар за деца и младинци“ – Скопје (режија: Хана Миленковска, играат: Никола Наковски, Петар Стојанов, Мики Анчевски, Матеа Јанковска и Ангела Димитрова)

САБОТА (18.9.2021) „Мој Термин“- НУ „Македонски народен театар“ (режија: Синиша Евтимов, играат: Јордан Симонов, Тања Кочовска, Оливер Митковски, Николина Кујача, Александар Микиќ, Сашка Димитровска и Александар Михајловски)

НЕДЕЛА (19.9.2021) „Вообразен болен“- НУЦК „Трајко Прокопиев“ –Куманово (режија: Драгана Гунин, играат: Александра Михајловска, Мирослав Петковиќ, Владанка Димковска, Ангела Стојановска, Давид Илиќ, Марко Трајковиќ, Нина Максимова и Жарко Јовановиќ)


Видете следно

Првиот ден на ЕXPO 30 во знакот на македонската мода

Вчера во Музеј на современа уметност се одржа првиот ден од настанот EXPO 30 во …