Фото:Архива

Од утре започнува шестата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој


Студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје организираат отворање на шестата Студентската конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕОР.

Четиридневната конференцијата ќе биде отворена на 04.12.2018 (вторник) со почеток во 10 часот во Амфитетарот на ФЕИТ.


На отворањето на конференцијата ќе се обратат Професор д-р Димитар Ташковски, декан на ФЕИТ, Професор д-р Љубица Јанчева, претседател на Собранието на Град Скопје, професор д-р Маргарита Гиновска, координатор на СКЕОР, Ангела Најдоска, Претседател на Организационен одбор.

По шести пат, студентите на ФЕИТ и стручната јавност низ 50-тина студентски трудови, пленарни предавања од компании и предавња на наши и странски професори ќе дискутираат за енергетската ефикасност и одржливиот развој.


Самата конференција претставува мост меѓу професионалците и студентите кои заеднички работат на наоѓање решенија за одржлив развој и зелена иднина, наведуваат од Организациониот одбор на СКЕОР.


Видете следно

ФИТР ја креира првата Национална стратегија за вештачка интелигенција во земјата

Како резултат на глобалните трендови во дигитализацијата, на иницијатива на Фондот за иноваци и технолошки …