Од вкупниот број издадени одобренија за градење, повеќе од пола се наменети за објекти од високоградба


Според податоците на Државниот завод за статистика во мај 2018 година, се издадени 222 одобренија за градење, што е за 7.9 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 529 344 илјади денари, што е за 4.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 116 (52.2 %) се наменети за објекти од високоградба, 41 (18.5 %) за објекти од нискоградба и 65 (29.3 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 222 објекти, на 116 (52.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 106 (47.7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 477 станови, со вкупна корисна површина од 38 951 м2

Видете следно

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јуни 2018 година е поповолна во однос на претходниот месец

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јуни …