Оданочувањето на интернетот предизвика сериозни демонстрации во Унгарија


Наметнувањето на данокот на интернетот во Унгарија немаше како да помине незабележано. Речиси 10 000 луѓе протестираа против мерката во Будимпешта, опишувајќи ја за недемократска. Според оние кои сепак ја понудиле, таа е потребна за да се пополни државната каса.

Протестот помина пред Министерството за економија. Демонстрантите се собраа и пред седиштето на владејачката партија ФИДЕС и фрлаа по зградата стари компјутерски делови. Намерата на Владата на премиерот Виктор Орбан за воведување на овој данок беше прогласен во вторникот од страна на министерот за економија.

Проектот предвидува околу 150 форинти (0,50 евра) на префрлен GIGABYTE. Тоа е најголемиот протест против Виктор Орбан во последните две години.

Демонстрантите бараа нацртот да биде повлечен во рок од 48 часа, а ако тоа не биде направено, тие ќе продолжат со своите демонстрации.

Предлогот ќе биде разгледан утре од парламентот. Протестот беше организиран од група на Facebook, со над 220 000 подржувачи.


Видете следно

Постапки против 20 лица во Битола заради прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе предлози за определување казнени налози …