Одбележување 35 години од изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура на Истанбулскиот универзитет


Во организација на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК) денеска преку платформата Зум ќе се одржи свечено одбележување 35 години од изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет.

астанот ќе го отвори ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (УКИМ), проф. д-р Никола Јанкуловски, по што свои обраќања ќе имаат и ректорот на Истанбулскиот универзитет, проф. д-р Махмут Ак и генералниот конзул на Република Северна Македонија во Република Турција, д-р Актан Аго. Осврнувајќи се на овој голем и исклучително значаен јубилеј којшто се случува во годината кога се одбележуваат 100 години од раѓањето на великанот Блаже Конески, пред учесниците на настанот ќе се обратат и деканот на Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет, проф. д-р Хајати Девели и деканката на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” на УКИМ, проф. д-р Анета Дучевска.


Во вториот дел од настанот свои излагања ќе имаат директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ (МСМЈЛК), проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, на тема: „Конески – мостот меѓу двата универзитета, меѓу Скопје и Истанбул, меѓу двете земји и двата народа” и раководителот на Катедрата за словенски јазици и литература, во чии рамки е Катедрата за македонски јазик и книжевност на Истанбулскиот универзитет, проф. д-р Емине Инанир, на тема: „35 години изучување на македонскиот јазик во Истанбул во светлина на 100 години од раѓањето на Блаже Конески”.

Потоа, со свои излагања за работата на лекторатот по македонски јазик во Истанбул, настанот ќе го збогатат: раководителот на Катедрата за македонски јазик и книжевност на Факултетот за литература при Истанбулскиот универзитет, проф. д-р Ѓонул Узелли, некогашниот лектор по македонски јазик на Истанбулскиот универзитет, проф. д-р Гордана Алексова и сегашниот лектор, м-р Марина Цветаноска.


Видете следно

Мал број заразени со коронавирус, учениците да се вратат во училиштата

Здравствените власти во земјава сметаат дека учениците можат да се вратат во училиштата од септември, …