SAMSUNG CAMERA PICTURES

Оддржана презентација на резултатите од проектот-Транспарентни, отчетни општини со интегритет, основа за оддржлив развој


Во општина Крива Паланка, денес се оддржа презентација на првичните резултатите од проектот ,,Транспарентни, отчетни општини со интегритет, основа за оддржлив развој’’, чии активности поконкретно се однесуваат на  резултети од анализата за транспарентност на јавните набавки на општините од СИПР.

Имплементатор на овој проект е Граѓански центар за оддржлив развој -ЕГРИ од Крива Паланка,   Цетнарот  за граѓански комуникации и фондацијата  Фокус од Скопје, а проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската унија.

Целата на овој проект е, утврдување на состојбата со транспатентноста на јавните набавки на општините од Североисточниот регион за 2017 година, како и доближување на резултатите за транспарентноста на јавните набавки до граѓаните.

Главните активности при реализација на проектот,  воглавно се однесуваат на реализација на истрашувања и анализи на институциите во однос на транспатентноста,отчетноста и одговорноста во трошењето на јавните пари, а за потребите на  истражувањата,  изготвена е и методологија за рангирање и параметри за оценување на институциите.

Презентери  на резултатите од проектот ,, Транспарентни, отчетни општини со интегритет, основа за оддржлив развој’’ беа Герман Филков од Цетнарот  за граѓански комуникации и Јоранчо Миневски од Граѓанскиот центар за оддржлив развој –ЕГРИ.



Видете следно

Од денеска до 3 ноември, во МСУ ИЗЛОЖБА НА 17 ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА КАЛЕ

Градоначалникот Шилегов денеска присуствуваше на отворањето на изложбата „Уметничка тврдина: Меѓународен конкурс за изработка на …