Одобрена стратешка инвестиција за соларен парк вреден 270 милиони евра


Владата на денешната седница донесе Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за производство на електрична енергија „ОСТРО СОЛАР” – Скопје.

Како што информираа од владината прес-служба, станува збор за инвестиција за изградба на „Соларен парк Стипион” вредна 270 милиони евра, кој преку оваа компанија ќе го реализира „Акуо Енерџи Сас Париз” (Akuo Energy Sas Paris) од Франција, со капацитет за производство на електрична енергија од 350 до 400 мегават часови.фф/лв/


Скопје, 23 ноември 2021 (МИА)


Видете следно

Почна украсувањето на Охрид за новогодишните и божикните празници

Во централното градско подрачје и на пофреквентните улици и крстосници на Охрид почна украсувањето со …