Breaking News

Одржан Првиот априлски коњички турнир во прескокнување пречки


Во организација на Коњичкиот клуб (КК) Анималс викендов во Скопје се одржа Првиот априлски коњички турнир и воведното коло од Отвореното лига – првенство во прескокнување пречки.


На терените Дрма – Идризово во саботата на програмата беа натпревари во прескокнување пречки во категориите КАТ – Е, КАТ – А и КАТ – А** со височина на пречките 0.70 – 1.10 метри/ширина 1.30 метри.


Постигнати резултати:

КАТ-Е со височина на пречките од 0.70,


место Марта Димитриевска со грлото Калатус KK. Илинден
место Матеа Димовска со грлото Нур KK.
место Горјан Атанасовски со грлото Колтплеј od KK. Бравадос
КАТ – А со височина на пречките од 0.90 до 1.10 м со алтернативна пречка Џокер

место Силја Дуковска со грлото Најтингел од ККС. Илинден
место Леонида Гроздановска со грлото Валентино од КК. Анималс
место Љупка Авамовиќ со грлото Куакс од КК.Бравадос
КАТ-А** со височина на пречките од 1.10-1.20 м, ширина до 1.40 м


место освои Петар Милошевски со грлото Надја од КК, Бравадос
место Силја Дуковска со грлото Ехо од ККС.Илинден. ег/хс/

Фото: ФКСРСМ


Скопје, 30 април 2023 (МИА)