Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ


На 9 oктомври 2018 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на којашто беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Комитетот оцени дека монетарната поставеност е соодветна на постојните економски и финансиски услови, при што одлучи да ја задржи каматната стапка на благајничките записи на нивото од 2,75%. На седницата, исто така, се одлучи понудата на благајнички записи, за аукцијата којашто ќе се одржи на 10 октомври 2018 година, да се задржи на нивото од 25.000 милиони денари. Општо земено и на оваа седница, Комитетот ги задржа досегашните согледувања за здрави економски основи и стабилни очекувања на економските субјекти, видливи преку поволните движења на девизниот пазар и растот на депозитната основа на банките. Ризиците за економијата од домашното, но и од надворешното окружување и понатаму се присутни.

Споредбата на последните макроекономски показатели за домашната економија со нивната проектирана динамика од априлскиот циклус проекции упатува на одредени отстапувања во одделни сегменти од економијата. Согласно со објавените проценети податоци, растот на БДП за првата половина од годината е послаб од очекуваниот, главно заради привременото запирање на дел од поголемите проекти во рамки на јавните инфраструктурни инвестиции. За третиот квартал, при ограничен обем на расположливи податоци, засега не може да се даде попрецизна оцена за состојбата во економијата, но сепак, најголемиот дел од високофреквентните податоци упатуваат на продолжување на поволните движења во економијата и во овој квартал од годината.

Во однос на инфлациските движења, во периодот јануари – септември, просечната годишна стапка на раст на потрошувачките цени изнесува 1,5%, што претставува надолно отстапување во однос на априлската проекција. Во услови на послаби остварувања, но и нагорна ревизија на надворешните влезни претпоставки кај проекцијата на инфлацијата, се оценува дека ризиците околу проектираната стапка на инфлација за 2018 година се врамнотежени.


Видете следно

Успешната борба против корупцијата е суштински услов за создавање пристоен живот во Македонија

Корупцијата ги засега сите и доведува до слаби институции, непочитување на човековите права, неправда, организиран …