Одржана свечена церемонија на дипломирање за студентите од регионот на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ


На Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ во Солун вчера се одржа специјалната церемонија на дипломирање, а дел од овој свечен чин беа и бројни македонски студенти кои своето образование го комплетираа на Меѓународниот факултет во текот на изминатите четири академски години.

Специјалната прослава за дипломираните студенти, која ја следи истата академска поворка како и церемониите на Универзитетот Шефилд во Велика Британија инаку е искажување почит и уважување на трудот за стекнување престижно образование пред академската јавност од универзитетот.

“Учењето во Солун, дипломата и искуството ми помогнаа за се понатаму што ми се случуваше во животот, и во професионалната кариера и на приватен план. Пријателите ми се од тука, а со познанствата што ги оствари, дојдов до момент сега да можам да предавам неколку модули во одделот за Компјутерски науки на Факултетот. Квалитетот на студиите и тежината на дипломата не се мери со ништо друго што ми беше во близина дома, а и во целиот регион”, изјави Иво Нешковиќ од Скопје, дипломец и кандидат за докторски студии.

За Јанко Дракуловски, дипломец од МБА програмата, основна цел му била да го надгради софтверското знаење кое што го има стекнато со менаџерски вештини, за да може успешно да го води својот бизнис.

„Наставата на овој факултет е многу попрактична и се среќаваме со професори кои покрај академското имаат и реално искуство,. Според анализите, Универзитетот Шефилд котира доста високо ,а тоа што нашата држава обезбедува стипендии, како и близината на Солу,н се трите причини за мојот избор”, вели Дракуловски.

Сите студенти кои завршиле додипломски, магистерски и докторски студии на Меѓународниот факултет беа претставени на Ректорот и Заменик Канцелар на Универзитетот Шефилд, професор Гил Валентин, а од страна на потпретседателот за образование на Универзитетот, професор Вин Морган им беа доделени нивните дипломи.
Денес е прекрасен ден, прослава, вистински знак за успех за студентите кои се тука, денес се означува крајот на нивните студии и изборот каде ќе одат понатаму, треба да го славиме она што го направиле, нивните достигнувања, и нивните понатамошни успеси како дипломци на Универзитетот Шефилд и на Меѓународниот факултет, Сити колеџ, од Солун, потенцираше Морган.

На церемонијата беа доделени и почесните дипломи за посебни достигнувања на г-дин Јанис Бутарис, градоначалникот на Солун и г-ѓа Викторија Хислоп, реномиран автор.

Освен пријателите и семејствата на дипломираните студенти, на церемонијата беа присутни и претставници на властите и разни организации од Грција и од соседните земји, како и истакнати личности од академската јавност, бизнисот и политиката, кои го испочитуваа овој специјален настан со нивното присуство.


Видете следно

Министерството за култура отворено и транспарентно работи со СКРМ на нивните барања

Министерството за култура активно и засилено работи на текстот на новиот закон за остварување на …