Одржани 2 инфо дена во склоп на едукативната кампања за ИПАРД Програмата 2014 – 2020


Минатата недела во општините Сопиште и Петровец се одржаа 2 инфо дена во
склоп на едукативната кампања за ИПАРД Програмата 2014 – 2020. Голем број
на лица беа заинтересирани за мерките, посебно за мерка 7 „Диверзификација
на фарми и развој на бизниси“. Повикот за оваа мерка беше објавен на 4-ти
октомври и трае до 18-ти ноември 2019 година.

Претставниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите од Министерството
за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска
поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информираат граѓаните и
сите заинтересирани за постапките и условите за аплицирање за средства од
ИПАРД II Програмата 2014-2020 и тие во текот на наредните неколку недели ќе
ги продолжат своите активности преку инфо денови во повеќе општини и
населени места. Согласно планот, оваа недела ќе се одржат инфо денови, и
тоа:

15 Oктомври 2019 – Берово (мала сала во Општина Берово во
11:00ч.) и Пехчево (кино сала во ОУДК „Јане Сандански“ во 15:00ч.),
16 Oктомври 2019 – Дојран (ресторан „Калдрма“ во 11:00ч) и
Негорци (ресторан „Центар Негорци“ во 15:00ч),
17 Oктомври 2019 – Белчишта (сала во Општина Дебрца во 11:00) и
Охрид (голема сала на општина Охрид во 15:00 ч.).

Во склоп на овие денови ќе се претстават мерките 7 и 3, со тоа што во
фокусот на вниманието ќе биде мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на
бизниси“ имајќи во предвид дека објавениот Јавен повик 01/2019 се однесува
на аплицирање по мерката 7.


Видете следно

Општина Тетово објави повик за субвенционирање за набавка на инвертери

Општина Тетово го објави јавниот повик до граѓаните за пријавување за субвенциорнирање за набавка и …