Официјален претставник за Њујорк Тајмс открива од каде потекнува отровот што му бил пратен на Трамп


Пакет со отровен рицин, бил испратен до американскиот претседател Доналд Трамп. ФБИ и американската тајна служба, овластени да го штитат претседателот, започнаа истрага за инцидентот. Два теста потврдија дека во пакетот има рицин, се додава во извештајот.

Пакетот со рицин, кој беше испратен претходно оваа недела, беше пресретнат пред да стигне до поштата во Белата куќа, а целата пошта се сортира и се прегледува надвор од објектот пред да пристигне во резиденцијата, објави Си-Ен-Ен.

Пакетот го испитуваат ФБИ и тајната служба, а деталите сè уште не се објавени. Не е познато кој го испратил, но еден официјален претставник за Њујорк Тајмс изјави дека пакетот потекнува од Канада.

Рицин е високо токсично соединение извлечено од рицинус, кое се користи во терористички напади. Може да се користи во форма на прав, гас, киселина или во цврста форма. Ако се проголта, тоа предизвикува гадење, повраќање и внатрешно крварење на желудникот и цревата, што е придружено со откажување на црниот дроб, слезината и бубрезите, проследено со смрт како резултат на колапс на циркулаторниот систем.


Видете следно

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 42.725.415 лица. Од последици …