ОФИЦИЈАЛНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА „АНТЕ ПОПОВСКИ – АНТЕВО ПЕРО“


На 2 октомври 2020 година, (петок), со почеток во 19:00 часот, во Центарот за култура во Општина Ѓорче Петров, ќе се одржи завршниот дел од третата по ред Меѓународна поетско-културна манифестација „Анте Поповски-Антево перо“. По реализацијата на Конкурсот за необјавена збирка поезија на македонски јазик, на кој за македонски услови се пријавија рекордни 96 наслови од исто толку творци, Манифестацијата ќе биде заокружена со врачување на овогодишните награди на добитниците чии што имиња неодамна ги соопшти Жири-комисијата.

На свеченоста, на која ќе биде промовирана победничката книга поезија „Потпис:Трепетлика“, а на годинешниот лауреат Ана Стојаноска ќе и биде врачен авторскиот примерок од едицијата на наградени автори кои ја понеле наградата АНТЕВО ПЕРО“, ќе претходи доделувањето (врачувањето) на наградата „АНТЕВА ЗЛАТНА КНИГА“ која е всушност ПОЧЕСНО АНТЕВО ПЕРО за животен поетски опус на еминентниот македонски поет Михаил Ренџов.

На авторите Владимир Мартиновски за стихозбирката „Жив(отн)и песни“ и на Зоран Пејковски за поетскиот ракопис „Остров во окото“, ќе им бидат врачени наградите „АНТЕВ ЗЛАТНИК“.

Наградата „АНТЕВ ЧАСОВНИК“ востановена со цел откривање и афирмација на нови, млади, талентирани поети кои творат на македонски јазик ќе и биде врачена на младата поетеса Георгина Петреска, а и припадна за стихозбирката „Средбата на Вулкан и Минерва“. Во продолжение посетителите ќе имаат можност да слушнат поезија во интерпретација на наградените автори, како и од неколку други поети учесници на годинешниот конкурс.

Со оглед дека пандемијата на коронавирусот веќе подолго ги диктира правилата на однесување, програмата ќе се одвива во специфични услови со доследна примена на здравствените протоколи за заштита од Ковид 19, односно со носење на заштитна маска и одржување на физичка дистанца.


Видете следно

ВМРО ДПМНЕ: Стоп на политички попис спроведен со насилно-криминални мерки

На СДСМ и Зоран Заев од рака им одат само насилни и криминални процедури. Така …