Огорчена од притворот на својот брат, сестрата на Јане Ченто напиша емотивна порака на Фејсбук


Сестрата на Јане Ченто напиша емотивна порака на Фејсбук: “Братче мое, го чекам денот кога силно ќе те гушнам”

Внуката на Методија Андонов Ченто и сестра на Јане Ченто Јасмина Алекшовиќ на својот Фејсбук профил објави емотивна порака за својот брат кој се наоѓа во притвор.

“Братче мое, го чекам денот кога силно ќе те гушнам, солзи ќе се стркалаат по моето лице, силно ќе те гушнам и ќе заплачам од среќа, а ти ќе ми речеш: “сестро не плачи, избриши солзи, крени глава, се што правам и ќе правам е за мајка Македонија”…

Голем човеку, јунак наш, гордост македонска со лавовско срце, човек со народна душа…ќе дојде денот кога ќе стапне твоја нога надвор посилна од било кога…”, напиша Јасмина.


Видете следно

Oбјавен Конкурсот за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници за 2019 година

Министерството за култура денеска во печатените медиуми и на веб-страницата www.kultura.gov.mk го објави Конкурсот за …